Фунтата го слави Брегзит, ги „покори“ и еврото и доларот
Британската фунта се опоравува од претходниот осумдневен минимум, откако официјално е покрената постапка за отцепување на Британија од ЕУ.
Фунтата денеска во тргувањето бележеше успони и падови, залетувајќи се кон доларот кога Обединетото Кралство и формално го покрена член 50 од Лисабонската спогодба за излез на земјата од ЕУ после 44 години членство во тој блок.
Откако што е потврдено дека писмото за активирање на членот 50 е предаден на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, фунтата скокна од нивото од 1,2448 долари на 1,2478 долари во однос на претходниот минимум од 1,2377 долари.
Фунтата исто така зајакна кон еврото на 86,60 пени, откако претходно го допре дното најниско во последните 12 дена од 87,35 пени.
