Функционерите од ВМРО-ДПМНЕ ќе донираат 30 проценти од платите
Сите избрани и именувани функционери од ВМРО-ДПМНЕ на државно и локално ниво, ќе донираат еднократна помош од по 30 проценти од платите и надоместоците во солидарниот фонд.
Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучи да се формира партиски солидарен фонд за помош на семејствата чии домови се оштетени во поплавите.
„Освен финансиската помош, договорено е да продолжат организираните активности на терен преку собирање на донации на храна, вода, средства за хигиена и останата помош која им е најнеопходна на погодените. Продолжуваат и активностите за директно вклучување на партиски членови и активисти во најпогодените региони за расчистување и санирање на штетите од невремето“ - се наведува во соопштението од партијата.
По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени за помош на оштетените.
