Економија, финансии, бизнис

Контакт

Функционери на СДСМ осомничени за изборни измами

Функционери на СДСМ осомничени за изборни измами

Функционери СДСМ и вработени во општината Струмица се сомничат за изборен поткуп на претседателските избори во 2014-та година. Основното јавно обвинителство утрово спровело акција во општина Струмица во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против гласањето и изборите.

Од кабинетот на градоначалникот Зоран Заев се одземени 2 компјутери и бил направен распит на 10 лица, од кои дел се вработени во општината, а други членови и регионални функционери на Сдсм.

Сите тие биле повикани на разговор од страна на истражителите за организиран криминал.

Наводно, обвинителите се интересирале за тоа дали на потенцијалните гласачи им нуделе пари за да го гласаат претседателскиот кандидат Пендаровски, како и за тоа дали ветувале работни места доколку победат на избори.

Од обвинителството соопштуваат дека се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 годинаа.

Слично

Поврзани вести