ФУЕРЕ ЗА ФАКТОР : Владата ризикува да ја внесе Македонија во криза слична на 2001 година
Македонската Влада се однесува крајно неодговорно и ја потценува ситуацијата во земјата, вели за Фактор поранешниот шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје Ерван Фуере. Евроамбасадорот оценува дека за она што во моментов се случува во Македонија првенстевно е виновна владата но од одговорност неможе да се амнестираат ниту и останатите политички субјекти во државата.
„Она што се случи вчера треба да ја потсетува владата за одговорности и обврските кои ги има со добивањето на мандатот да биде на власт. Во преден план, потребно е да ги стави интересите на земјата и пред се на својот народ пред сите други аспекти од партиска природа. За жал, нивното однесување во изминатите години е токму спротивното. Тие си играат со оган. Она што најмалку владата сега треба да направи е да ги покани сите политички лидери да разговараат заедно и да се апелира на смиреност. Овој дијалог треба да го означи почетокот на поинтензивен дијалог за да се подготви за процесот на транзиција каде критични прашања со кои се соочува земјата треба да се решат“, потенцира за Фактор амбасадорот Фуере.
Според него, Владата треба да понесе одговорност за случувањата во земјата.
„Нашата длабока тага за оваа трагична загуба на животите на полицајците, и сочувство до семејствата на оние кои биле убиени. Ова е една од оние ситуации кога владата и политичките лидери на земјата, наместо да се навредуваат мора да работат да смирување на тензиите“ посочува екс амбасадорот на ЕУ во Македонија.
Според Фуере, колку подолго премиерот Груевски остане на власт толку ќе биде поголема неговата одговорност за иднината на земјата. Македонија не смее да си дозволи луксуз да и се повтори 2001 година .
Горазд Чомовски
Слично
