Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фудбалскиот клуб „Пелистер“ оди на продажба

Фудбалскиот клуб „Пелистер“ оди на продажба
Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука да го овласти градоначалникот  за продажба на доминантниот пакет акции во сопственост на Општината Битола во Друштво за спортски дејности Фудбалски Клуб Пелистер АД Битола, објави ТВ Тера. „Сите сме свесни дека продажба или со доминантен пакет акции би било поволно за фудбалот“, вели Силвана Ангелевска, претседател на Советот. Сепак, опозицијата гласаше воздржано и има забелешки, затоа што не им биле доставени конкретни понуди од заинтересирани купувачи за да го овластат градоначалникот да преговара за продажба на клубот. Постапката за продажба на клубот сега е во рацете на градската администрација. На денешната седница се донесе и Одлука за утврдување на интерес за основање на Акционерско друштво за вршење дејност спорт. Со оваа Одлука Советот на Општината Битола го утврдува интересот на Општина Битола за пристапување како основач на Друштво за спортски дејности Ракометен клуб Пелистер AД Битола. Основачи на акционерското друштво ќе бидат Општината Битола со 30 % капитал и ГП Пелистер и ДОО Цермат со 70 % капитал.
Слично

Поврзани вести