Фудбал во Бразил, „Фудбалче со Близу“!
Телекомуникацискиот оператор „Близу“, во месецот на фудбалот, започна караван „Фудбалче со Близу“, на кој сите посетители можат да земат учество на натпревар во играње фусбал, а за победниците следуваат дресови, капчиња и фудбалски топки Adidas Brazuca како главни награди.
Во склоп на караванот досега се одржаа два настани, и тоа во ТЦ Лептокарија и ГТЦ каде преку 80 посетители играа „Фудбалче“ и добиваа бројни награди. На настанот во Лептокарија, „Близу“ обезбеди и голем екран на кој посетителите имаа можност да го проследат отворањето на Светското Првенство во Фудбал, како и да уживаат во првиот натпревар.
Караванот „Фудбалче со Близу“ продолжува оваа сабота во Прилеп, а наредните две саботи во Куманово и Штип.
Слично
