Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФСП ќе ги бојкотира изборите, бараат ВМРО-ДПМНЕ да се исчисти од аболицирани криминалци

ФСП ќе ги бојкотира изборите, бараат ВМРО-ДПМНЕ да се исчисти од аболицирани криминалци

Републичкото координативно тело на Форумот на слободоумни партиоти на денешниот состанок одлучи да ги бојкотира парламентарните избори на 5 јуни.

Тие сметаат дека не се исполнети условите за фер и демократски избори и во целост не се спроведени договорот од Пржино, забелешките во Извештајот на ЕУ експертската група предводена од Прибе и Венецијанската комисија.

„ Притоа сакаме да ја извести јавноста дека како организација во која членуваат истакнати членови и поголемиот дел од основачите на ВМРО ДПМНЕ, ние не прифаќаме партијата да ја водат аболицирани криминалци. Оттука бараме раководството под итно да поднесе одговорност и да се почне постапка за свикување на вонреден партиски Конгрес и избор на ново раководство. Сметаме дека единствениот начин за победа на престојните парламентарни избори е на вонредниот Конгрес партијата да се исчисти од аболицираните криминалци и од сите оние кои се инволвирани во т.н. „бомби“ и за нив се води истрага во Специјалното јавно обвинителство“- стои во соопштението.

Велат дека ако раководството остане немо на овој нивен повик, тие се подготвени на следните фер и демократски парламентарни избори да настапат со независни листи, составени од „чесни и проверени членови на ВМРО ДПМНЕ, како  единствена опција за спас на партијата“.

Слично

Поврзани вести