ФРОДЕМ: Власта со пазарлкот сака да ги спаси најблиските, другите ќе ги „пушти низ вода“
Од Фронтот за демократска Македонија укажуваат згрозеност од пазарлкот на владеачката партија кој кружи низ медиумите.
Од ова движење велат дека со тој потег ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја спаси кожата на неколкумина, а останатите да ги „пушти низ вода“.
Велат дека паднале маските на лажните моралисти и квази патриоти и дека на целата домашна и меѓународна јавност се појасно им станува како дел од врхушката се богателе од народни пари во име на народот.
ФРОДЕМ вели дека партиската врхушка станува се понервозна поради стравот некој од „кругот“ да не пропее пред СЈО, иако некои одамна ја имааат ,,испеано“ својата песна.
„ВМРО-ДПМНЕ не смеат и понатаму да останат заложници на болните и непромислени авантури на алчните и лажни патриоти“, соопштија од ФРОДЕМ.
Слично
