Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ со остри осуди за суспендирањето на „Пржино“

ФРОДЕМ со остри осуди за суспендирањето на „Пржино“

Фронт за демократска Македонија упати остри критики со кои го осуди  суспендирањето на договорот од „Пржино“.

Од ова движење алудираат на чекорот на премиерот во Владата задолжен за организирање на изборите Емил Димитрив кој, велат ротивправно се стави во позиција на времен премиер кој поништува поединечни акти и одлуки.

„Владата на Република Македонија, согласно Уставот на РМ, и одлуката за распуштање на парламентот е во оставка. Тоа значи дека таа врши само технички работи се до изборот на новиот парламент и новата влада. Дополнително со ваквото дејствие се прекршува договорот од Пржино со што директно се влошува стабилноста на земјата!“, укажуваат од ФРОДЕМ.

При ова излагање од ова движење велат дека дополниелниот технички министер на МВР, Чавков е неуставно и незаконски избран, бидејќи образложуваат, полицаец не смее да биде министер на чело на МВР односно мора да има цивилно министерско раководење и контрола врз безбедносните сили. Улогата на други дополнителни министри.

Од ФРОДЕМ го потсетуваат опозицискиот лидер дека  министрите кои се поставени согласно договорот од Пржино не се негови министри, ниту на СДСМ, туку се министри кои произлегоа од големото народно и граѓанско собирање од 17 мај 2015 година и истите биле гарантори на елементарната безбедност на граѓаните од режимот, а воедно треба да создадат услови за одржување легални избори.

Слично

Поврзани вести