Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ повикува сите да излезат на протест за враќање на правдата

ФРОДЕМ повикува сите да излезат на протест за враќање на правдата

Од ФРОДЕМ ги повикуваат сите граѓани, правдољубиви демократи без оглед на политичката, верската или етничката припадност, да излезат вечерва во 19 часот на протест пред Специјалното јавно обвинителство.

Со ова сметаат ќе помогнат за враќањето на правдата и достоинството во Македонија.

ФРОДЕМ оценува дека врхушката на ДПМНЕ односно осамениот Груевски се плаши од парламентарни избори кои треба да се одржат наесен, па затоа Груевски настојува преку завлекување на тешката државна криза парламентарните избори да ги префрли за идната година, да ги спои со локалните и на тој начин да го препокрие слабиот резултат.

„Груевски со развлекувањето на кризата има за цел да ја избегне правдата и да создаде уште поголема криза во која тој најдобро би се снашол и би го конфронтирал поделениот народ по партиско-граѓанска, но и по етничка основа. Со сталинистички методи, од прегазеното време на Милошевиќ, Груевски очајно се обидува да активира приврзаници за одбрана на криминалот и конфронтаирање со целиот демократски свет. Вчера, во полупразната сала и задоцнета прослава, од Груевски разбравме дека имал притисок од „народот“!? Божем народот „вриел“ и од него барал акција! Потсетуваме дека оваа и сличните најави целосно се поклопуваат со „спонтаните случувања“ на народот во организација на пропаднатиот режим на Милошевиќ. Веќе видени, пропаднати и прочитани сценарија! Повикувањето на народот е само уште еден кукавички обид не еден политички очајник кој настојува да се затскрие зад народот со цел да му се опростат и заташкаат сторените криминали и зла. Народот нема овој пат да подлегне на оваа манипулација“- стои во соопштението од ФРОДЕМ.

Велат дека Груевски се служи со пропаганда, замена на тези и лажни обвиненија.

„Сите злоупотреби кои со години ги правеше, сега ги препишува на наводните непријатели! Всушност, режимот никогаш не сакал дијалог и веќе не е во состојба ниту да води преговори, ниту да го почитува договореното“ - додаваат од ФРОДЕМ.

Или ќе се почитува Уставот на РМ, ќе се врати поредокот и законите ќе почнат да важат за сите подеднакво и правдата ќе биде неселективна или се во оваа земја треба да почне да се гради одново, објаснуваат од ФРОДЕМ.

Слично

Поврзани вести