Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ:Поставувањето ректор послушник само ќе ја вложи состојбата

ФРОДЕМ:Поставувањето ректор послушник само ќе ја вложи состојбата

Од ФРОДЕМ велат дека именуваните нови претставници без согласност и знаење на мнозинството студенти е обид да биде злупотребен нивниот глас.

ФРОДЕМ очекува дека академската заедница нема повторно да подлегне на притисоците од власта и ќе покаже дека навистина е загрижена за академската автономија при изборот на ректор на УКИМ.

„Именуваните нови претставници без согласност и знаење на мнозинството студентите е обид по којзнае кој пат да биде злупотребен гласот на неговото височество студент. Продолжување на досегашната практика на лобирање и поставување на свои послушници и прислужници на местото ректор на УКИМ само дополнително ќе ја влоши состојбата во високото образование и наместо автономија ќе имаме повторно безличен Ректор и ректорска управа во служба на партиите на власт“- се наведува во соопштението од ФРОДЕМ.

Се надеваат дека никогаш повеќе нема да се повторат ситуациите кога изборите беа спроведувани по нарачка, а избраните не задоволуваа ниту еден од критериумите пропишани од Сенатот.

Слично

Поврзани вести