Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ очекуваше МПЦ да говори за тешката криза на поделеното општество

ФРОДЕМ очекуваше МПЦ да говори за тешката криза на поделеното општество

Здружението Фронт за демократска Македонија очекуваше од Македонската православна црква конечно да се обрати до верниците и граѓаните за тешката криза во која се наоѓа поделеното македонско општество.

Од државниот синдикат не очекувавме ништо посебно, но запрепастувачки е што со ниту една порака не се обрати до работниците, ниту пак нешто побара од власта, додаваат од ФРОДЕМ. Наведуваат дека од 2008 година имаме морбидно растење на авторитарен режим кој ја суспендира демократијата, кој владее со сила и кој секојдневно не презадолжува.

„Земјата е поделена и малку фали да има братоубиствени судири. Раководството на МПЦ сето ова го гледа и молчи. Јавно ја прашуваме МПЦ уште колку кризни години треба да поминат за да се произнесе што е добро, а што е лошо во општеството! Црквата е одвоена од државата, но не е одвоена од народот и верниците! Дали имаме право да го знаеме ставот на МПЦ за тешката општествена криза? И како заедно да излеземе од кризата. Дали конечно Црквата треба, сите нас, непосредно да не поттикне да бидеме подобри!? Со добри мисли и дела. Или можеби смета дека се е однапред предодредено!? Дали можеби верниците треба само директно да се обраќаат кон Бога, ако тие што проповедаат за Бога молчат! Наша морална обврска е да прашаме и потсетиме“- пишува во соопштението на ФРОДЕМ.

Од ФРОДЕМ велат дека режимот треба да одговори зошто го подели народот!? Треба да одговори уште колку време финансиски ќе издржи земјата. ФРОДЕМ предупредува дека сите треба да бидеме свесни дека ова заедничко морално и материјално осиромашување и паѓање не носи кон дното, снемува елементарен ред и поредок, снемуваат пари, а ќе снема еден ден и за пензии.

Слично

Поврзани вести