Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ:Ни треба експертско-технократска влада која ќе биде ефективна и ефикасна

ФРОДЕМ:Ни треба експертско-технократска влада која ќе биде ефективна и ефикасна

Од ФРОДЕМ велат дека Македонија е изморена и нема јуначки капацитет да ги решава своите наталожени проблеми.

Затоа проблемите се решаваат со тегавење, безочно меѓусебно обвинување и влечење на цела земја кон амбисот, велат од ФРОДЕМ. Оттаму сметаат дека недостатоците во Пржинскиот договор произлегуваат од фактот што договорот е базиран на волјата на четирите политички партии и затоа тој и понатаму ќе остане значително внатрешно конфронтирачки фактор, без оглед на тежината на „меѓународниот пакет“ и гаранциите.

„За елиминација на овој недостаток потребно е вклучување на „5-ти елемент“ кој би го претставувал граѓанскиот, професионален и експерстки потенцијал на земјата. Ако ваков потенцијал немаме и доколку се зависи од партиите, Господ нека ни е на помош!? Четирите партии кои сè уште живеат на стара слава, практично не можат многу да договорат. Сите сме свесни дека доколку се договорат лидерите самите себе си ќе си пресудат. Единствената работа која можат да ја договорат е со помош на ЕУ и САД да дадат мандат и овластување некој трет да започне да го решава овој тежок, „ќор сокак“. Тој трет фактор односно субјект треба да биде експертско-технократска влада која ќе биде ефективна и ефикасна доработка на постојната влада. Овие партии треба да прифатат строги санкции и одговорност за секој акт на кршење на договореното, опструирање на работата и неприродното двојство на функциите!“ - велат од ФРОДЕМ.

Од ФРОДЕМ сметаат дека експертско-техничката влада во рок од најмалку една година треба да реализира три суштински работи како враќање на правната и финансиска стабилност и украдените пари, брз влез во НАТО и ЕУ, и брза департизација на институциите која вклучува и почеток на процес на помирување.

ФРОДЕМ оддаваат почит на проектот „Вистината за Македонија“ и ја поздравуваат „Шарената револуција“.

Слично

Поврзани вести