Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ:Најголема апсурдност е тоа што Груевски се шета на слобода

ФРОДЕМ:Најголема апсурдност е тоа што Груевски се шета на слобода

Од ФРОДЕМ велат дека е апсурдно  што екс премиерот, Никола Груевски мисли дека граѓаните се уште веруваат на приказната за сечени, лепени, креирани и монтирани материјали.

Денешната изјава на Груевски ја оценија како апсурдна. Сметаат дека Груевски мора да знае дека најголемата апсурдност во оваа држава е тоа што тој се шета на слобода, наместо да биде во притвор заради сериозните сомненија за сторени криминални дела.

„За Груевски апсурдно е тоа што тој се појавил на распит пред судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во својство на осомничен во случајот „ТНТ“, а не е апсурдно тоа што нарачувал рушење. За него иста така апсурд ке биде и идното негово појавување како и на неговите довчерашни соработници пред судот за уште потешки кривични дела. Не Груевски, тоа не е апсурд, туку тоа е реалност од која нема бегање. Апсурдно е што Груевски мисли дека граѓаните сеуште веруваат на приказната за сечени, лепени, креирани и монтирани материјали. Апсурдно е што смета дека се уште има контрола над одреден број судии и дека ке се појави на идните избори“- велат од ФРОДЕМ.

Од ФРОДЕМ велат дека наместо да се засрами и извини, Груевски манипулира.

Одземањето на патната исправа на Груевски е почеток на крајот на досегашното негово апсурдно однесување. Се има свој почеток и крај, па дури тоа и да е некој си Груевски, се наведува во партиското соопштение.

Слично

Поврзани вести