ФРОДЕМ:Контрапротестантите соучесници во поттикнувањето на братоубиствен конфликт
ФРОДЕМ ги потсетува граѓаните на Република Македонија во пресрет на денешните протести и контрапротести, дека член 16 од Уставот на Република Македонија го гарантира слободата на уверувањето, совеста и јавното изразување на мислата.
Велат дека секој оној кој што со сила, заплашување, уценување, малтретирање или со сериозна закана ќе присили друг да стори или да не стори или да трпи нешто треба да знае дека тоа е казниво со кривичниот законик на Република Македонија. ФРОДЕМ ги потсетува сите свесно и несвесно изманипулрани граѓани, вработените во државната управа и јавните служби дека согласувајќи се да учествуваат на контрапротести, доведени се во ситуација да бидат соучесници во поттикнувањето на братоубиствен конфликт. Се работи за едно од најтешките кривични квалификации и повреди на македонстото кривично законодавство.
„Партиските војници и платеници, шетачи од една во друга и трета партија, лицата кои земаат плата, а не одат на работа, „петоколонашите“, „гдомовците“ и другите т.н „јастреби“ и „гребатори“ кои се во функција на мобилизатори на насилното партизирање и мобилизирање, во најблиска иднина ќе се соочаат со санкции за овие кривични дела за кои е предвидана казна затвор во трање од 6 месеци до 5 години. Дополнително, за овие контраши, контрамитингаши и обезбедувачи на бројки гласачи за протестите и изборите постојат сериозни сознанија за начинот на кој експресно напредувале во својата кариера, за простувани долгови кон државата и долговите за комуналните услуги. Прашање е на ден кога ќе мора целата ситуација и случувањата со нив да бидат вратени во првобитната состојба. Ова значи дека на нивните места ќе се вработат кадри кои со години чекаат работа, а долговите кон државата ке мораат да бидат намирени. Станува збор за десетина илјади вакви случаи!“- стои во соопштението на ФРОДЕМ.
Нивните ментори и наводни заштитници после денешниов и утрешниот ден, веќе се подготвени целосно да ги кренат рацете од нив и екпресно да ги заборават, заради сопствениот спас и добивање поблага казна, сметаат од ФРОДЕМ.
