Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ:ЕУ и САД во преговорите во Виена да вклучат граѓански организации

ФРОДЕМ:ЕУ и САД во преговорите во Виена да вклучат граѓански организации

Грешката која меѓународната заедница ја направи уште на стартот на преговорите за излез од кризата, преговарајќи со виновниците за кризата, упорно ја повторуваат и сега, на штета на сите нас, велат од ФРОДЕМ.

Тие бараат  од медијаторите и претставниците на ЕУ и САД  во преговорите во Виена да бидат вклучени и претставници на граѓанските организации и асоцијации, вклучително и ФРОДЕМ и слични организации, движења и фракции за демократизација. „Резултат на оваа средба треба да бидат цврсти гаранции и рокови за примената на договорот од Пржино, заедно со значајни дополненија со кои ќе се создаат реални предуслови за излез од кризата. Потписниците на договорот треба да гарантираат поништување на донесените акти за аболиција и повлекување од функцијата од Иванов поради нанесената несогледлива штета на Република Македонија, целосно овозможување на условите за професионална работа на СЈО, формирање на техничка влада која на крајот на месец септември ќе спроведе фер, демократски и регуларни парламентарни и претседателски избори“ - стои во соопштението од ФРОДЕМ.

Од ФРОДЕМ бараат и формирање на специјален суд односно посебно судско одделение во рамките на постојниот кривичен суд , надлежно за судење на случаите кои ке произлезат од прислушуваните разговори.

Слично

Поврзани вести