Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ:Ако насила се распишат избори за 5 јуни, ќе повикаме на граѓанска непослушност

ФРОДЕМ:Ако насила се распишат избори за 5 јуни, ќе повикаме на граѓанска непослушност

Од ФРОДЕМ велат дека никој нема право да распишува датум за нови избори, без да им општ консензус дека се создадени легални услови.

Потенцираат дека особено такво право нема спикерот Трајко Вељановски, кој насилно ги исфрли пратениците и новинарите од Парламентот. Од ФРОДЕМ велат дека врхушката на ВМРО-ДПМНЕ гледа да се добере до власт, да го прикрие криминалот и да им се одмазди на противниците.

„Доколку денес насила се распишат избори за 5 јуни, ФРОДЕМ ќе повика на граѓанска непослушност и активизам за спречување на фалсификатот на народната волја. ФРОДЕМ, ќе ги повика граѓаните да не дозволат финансиско тонење и задолжување на државата. Долгот на замјата достигна огромни 64% . Пензискиот фонд е празен. ФРОДЕМ, во оваа смисла ќе ги повика граѓаните да ги повлечат штедните влогови од банките и да не ги плаќаат сметките. Иванов стана „претседател“ на фалсификувани избори. Со незаконските и ништовни акти за божемна аболиција тој спречува истрага за фалсификување избори која ќе доведе до него и до фактот дека е избран на нелегални избори. Дека тој е нелегален претседател. На овој апсурден начин тој се самоаболицира! И нека Иванов не се прави „наудрен““ - реагираат од ФРОДЕМ.

ФРОДЕМ со голема загриженост ја проследи изјавата на Иванов дека тој ќе се ставел на чело против западот од кого очекувал санкции. Велат дека со оваа изјава Иванов јасно потврдува дека на фалсификуваните избори во 2014 година, тој го лажел народот дека е за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Слично

Поврзани вести