Фрлена чадна бомба кон демонстрантите
Полицијата вечерва фрли чадна бомба кон демонстрантите од „Шарената револуција“ пред Министерството за финансии.
Дел од нив прво преку околните гаражи успејаа да го продолжат протестот пред Министерството и да го обојат објектот со катапулт. Потоа кродонот беше пробиен и демонстрантите го боеја Министерството за финансии. Граѓани ја пееја македонската химна.
Протестот вечерва е против новото задолжување кое го планира Владата со еврообврзница, за која веќе се бараат инвеститори.
Во 19 часот протестот започна од пред СЈО. Се бара оставка од власта и да се избере преодна влада која нема да ја задолжува Македонија.
Слично

