Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрлена бомба во Зубин Поток, Вучиќ оди во посета на Косово

Фрлена бомба во Зубин Поток, Вучиќ оди во посета на Косово

Во спортската сала во Зубин Поток, во која денеска треба да говори премиерот на Србија, Александар Вучиќ  околу 3 часот е фрлена  бомба.

Покрај експлозијата во салата е пукано и од автоматско оружје. Во салата имало само работници кои ја местеле бината, на која треба да говори  Вучиќ. Безбедноста на северот од Косово е подигната на највисоко ниво. Полицијата го обезбедува местото, а истрагата е во тек.  Засега нема информации дали обраќањето на премиерот ќе биде откажано. Вучиќ ќе посети повеќе населени места во северниот дел на Косово, населени со мнозинско српско население.

Слично

Поврзани вести