ФРЛАЛЕ БОЈА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО: Седум демонстранти заработија кривични пријави
Засега МВР поднесе кривични пријави против седуммина привразници на шарената револуција кои ги товари за основано сомнение за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Првото кривично дело е извршено за време на одржување на ненајавени протести организирани од страна на група граѓани-граѓанско здружение „Протестирам“, на 18.04.2016 година од 18:00 часот до 21:00 часот, кога протестот се одвивал на просторот испред Зграда на Министерство за култура на Република Македонија лоцирано на ул. Мирослав Крлежа бр. 61, Скопје, кој објект е значајно културно наследство. Имено, П.Б. кој активно учествувал на протестот, со намера да нанесе штета, употребил повеќе балони наполнети со боја кој ги фрлал во правец на Министерството за култура на Република Македонија каде ги оштетил надворешните ѕидови – фасада на зградата.
Второто кривично дело, извршено од страна на претходно пријавениот П.Б. и М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П., извршено е на 30.05.2016 година од 19:00 до 20:00 часот, за време на одржување на протест пред објектот „Порта Македонија“, лоциран на ул.„11 Октомври“, бр.4А – Скопје, кој објект е недвижно културно наследство-културен споменик, со што причиниле материјална штета околу 3000 евра во денарска противредност, соопштија од МВР. Пријавата е за возачот на комбето сопственост на СДСМ со кое се пренесувал чаталот кој шарените револуционери го користат за боење на објектите на Скопје 2014.
Напаѓачите со балони МВР ги лоцирала од снимен видеоматеријал.
Меѓудругото протестите продолжуваат и денеска во 18 часот пред СЈО.
