Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фридом хаус: Македонија делумно слободна во друштво на Косово и БиХ

Фридом хаус: Македонија делумно слободна во друштво на Косово и БиХ

Аферата со прислушувањето предизвика Македонија да забележи надолен тренд и оценка од 3,5 во годишниот извештај на Фридом Хаус.

И годинава дисфукционалност и застој е забележан кај Македонија а друштво и овој пат и прават Босна и Косово.

Како што е образложено во извештајот опаѓачкиот тренд се должи на тешки недостатоци во изборите во 2014 година, кои доведоа до опозицискиот бојкот на Собранието, а со ова е поврзан и скандалот со прислушувањето на политички и верски лидери, новинари и приватни граѓани.

Македонија останува во групата на делумно слободни држави, а заедно со нас местото во категоријата го најдоа и Албанија, Босна, Косово и Црна Гора.

Според извештајот, минатата година во светот е забележан вознемирувачки пад на слободата.

За регионот на Евроазија, во кој Фридом Хаус ја вбројува и Македонија, се вели дека бележи најголемо назадување на слободите, по регионот на Блискиот Исток и Северна Африка.

Слично

Поврзани вести