Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фридом хаус: Македонија делумно слободна во друштво на Косово и БиХ

Фридом хаус: Македонија делумно слободна во друштво на Косово и БиХ
Македонија и годинава се најде во групата делумно слободни земји, покажува годишниот извештај на Фридом Хаус „Отфрлање на демократијата: Враќање на железната тупаница“, кој е објавен денеска. Македонија во однос на минатата година има послаба оценка за политичките слободи – четворка, додека граѓанските слободи и годинава се оценети со тројка. Во групата делумно слободни земји со Македонија се Босна и Херцеговина и Косово, додека Србија, Хрватска и Црна Гора се слободни земји. Според извештајот, минатата година во светот е забележан вознемирувачки пад на слободата. Зголемениот број терористички напади има катастрофални последици во Ирак, Сирија, Нигерија и Пакистан. Пад на слободата има и во Русија поради владините мерки против дисидентите, независните медиуми и невладините организации. Во Извештајот се оценува нивото на слобода во 195 земји, од кои 89 се слободни, 55 делумно слободни и во 51 земји нема слобода.
Слично

Поврзани вести