Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фридом Хаус – Македонија чекор назад во категоријата „псевдо-демократии“

Фридом Хаус – Македонија чекор назад во категоријата „псевдо-демократии“
Македонија е вратена во листата псевдо-демократии на рангирањето на Фридом Хаус, односно меѓу државите со т.н. хибриден режим. Молдавија, Украина, Грузија, БиХ и Албанија се во истата група како и Македонија. Главна причина заради која земјава назадува на листата е слободата на медиумите - случајот Кежаровски и настаните од 24-ти декември кога новинарите беа насила исфрлени од собраниската галерија. Освен во делот на независноста на медиумите, Македонија добила полоша оценка и за состојбите во корупциската сфера. Дел од согледувањата се однесуваат и на проектот Скопје 2014-та. „Кога проектот беше лансиран во 2008 година, тоа беше проектиран да чини околу 80 милиони €. На прес-конференцијата во април 2013 година, Министерството за култура призна дека од вкупно 207.000.000 € биле потрошени за нови згради, споменици, и скулптури. Сепак, невладините организации проценуваат дека владата има потрошено и двапати повеќе над таа сума, и опозициските партии, како СДСМ инсистира на тоа дека таа бројка е поблиску до една милијарда“, објавува Фридом Хаус.
Слично

Поврзани вести