Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ФРЧАТ“ ОТКАЗИ: Дали Твитер тоне по ултиматумот на Маск?

„ФРЧАТ“ ОТКАЗИ: Дали Твитер тоне по ултиматумот на Маск?

Вработените го напуштаат Твитер и по ултиматумот на Илон Маск, работата на платформата е загрозена. Тој од нив бара повеќе работа или да си заминат. 

Стотици вработени на Твитер се очекува да ја напуштат компанијата откако новиот сопственик Илон Маск постави ултиматум со кој побара од нив да се согласат на „многу часови со висок интензитет“ на работа. 

Во анкета за апликацијата Blind, која ги проверува вработените преку нивните деловни имејл адреси и им овозможува анонимно да споделат информации, 42 отсто од 180 луѓе го избрале одговорот „Ја избирам опцијата за излез, слободен сум!“.

Една четвртина рекле дека одлучиле да останат, но „неволно“, а само седум проценти од анкетираните рекле дека „кликнале за да останат – јас сум хардкор“.

Маск се среќавал со некои од највисоките вработени за да ги убеди да останат, напишале неколку вработени.

Обезбедувањето почнало да ги брка вработените од канцелариите во четвртокот вечерта, открил извор.

Многу инженери одговорни за поправка на грешки и спречување на прекини во сервисот си заминуваат.

Твитер ги информира своите вработени дека привремено ги затвора канцелариите на компанијата. Притоа им е кажано дека повторно ќе се отворат на 21 ноември. Причината за затворањето не е наведена. Се очекува дека откако состојбата ќе се среди, во компанијата ќе останат околу 2.000 луѓе. 

Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари. Потоа тој отпушти речиси половина од 8.000 вработени низ цел свет и рече дека немал избор затоа што компанијата губела четири милиони долари на ден. 

Слично

Поврзани вести