Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрчат оставки во Владата, засега прифатени само три?!

Фрчат оставки во Владата, засега прифатени само три?!
Фактор неофицијално дознава дека оставки понудиле и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески како и министерот за образование и наука Абдулаким Адеми, и министерот за здравство Никола Тодоров. Наводно Груевски не ги прифатил оставките на Ставревски и Тодоров. Денеска оставки поднесоа Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков. Тие следуваат по вчерашната дипломатска мисија на петте најмоќни амбасадори во Македонија, на чело со американскиот амбасадор, кои на Груевски му порачаа дека некој мора да понесе одговорност за содржината на прислушуваните разговори. Тие му порачаа на ДУИ дека треба да преземе одговорност за иднината на Македонија, како коалиционен партнер во власта. На СДСМ и порачаа да се врати во парламентот.
Слично

Поврзани вести