Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРЧАТ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ - Министерството за финансии објави оглас за 10 позиции

ФРЧАТ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ - Министерството за финансии објави оглас за 10 позиции

Последниов период зачестија огласи за вработување во државните институции. Бројни огласи за вработување во основни училишта, а се бараат лица и за во општините, но и државни институции како Фискалниот Совет, Собранието, Министерството за транспорт, Народна Банка.

Најновите огласи на листата државни институции кои имаат во план да вработуваат, доаѓаат од Министерство за финансии, кое бара кандидати за пополнување десет работни позиции. На веб страната на Агенцијата за администрација објавени се огласи со кои се бараат заинтересирани лица кои би работеле во оваа институција.

Условите за заинтересираните се горе доле слични, се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија. 

Дополнително, потребни се:  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик  и положен правосуден испит. 

Се бара идните работници во Министерството за транспорт да имаат високо образование, но за различни позиции има различни посебни услови.

Од огласите може да се види дека иако идните „членови на семејството“ треба да работат во инситуцијата која се грижи за државниот буџет, или за трошењето на народните плати, нема да бидат „дебело“ платени.

Огласите откриваат дека платите за овие позициите за кои се бараат кандидат се движат од 22 илјади денари, па се до 39 илјади денари.

Највисоката плата која ќе ја прима идниот вработен во МФ е за позицијата Советник за ИТ безбедност, од него се очекува да има факултет од областа на електроинженерство или информатичка област, но платата ќе достигнува 39.41- денари.

Нешто помала плата ќе прима лицето кое ќе се вработи како Помлад даночен извршител за централизирани активности за наплата на долгови. За оваа позиција платата според огласот достигнува 35.748 денари.

Најниски плати од сегашните огласи се за позицијата Помлад даночен извршител за централизирани активности за наплата на долгови, чија плата ќе достигнува 22.998 денари.

Меѓу огласите кои се објавени на веб страната на Агенцијата за админситрација се бара и Даночен агент за прием, контрола и обработка на предмети, Помошен даночен референт за инспекторско досие, Даночен извршител за попис, процена и заплена на движни предмети и недвижности...

Од огласите може да се забележи дека најголем дел од платите се движат од 27 до 29 илјади денари. Идните вработени во највисокото финансиско тело во земјава ќе имаат вообичаено работно време, осум часа во текот на денот од понеделник до петок. Огласите истекуваат веднаш по Божиќ, односно на вториот и третиот ден од најголемиот христијански празник, на 8 и 9 јануари.. Сите детали на веб страната на Агенцијата за администрација.

П.О.

Слично

Поврзани вести