Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фрчат кривични пријави против тимот на Јанева

Фрчат кривични пријави против тимот на Јанева

Вкупниот број на кривични пријави против специјалното јавно обвинителство се искачи на деветнаесет. Покрај пријавите од минатата недела, денеска против тимот на Катица Јанева беа поднесени уште 12 нови кривични пријави за поткуп и наводно малтретирање на сведоци.

Сите пријави се од различни лица и се поднесени против непознати лица во Специјалното јавно обвинителство. Кривичните пријави се за кривично дело малтретирање при вршење служба, што е казниво со Кривичниот законик со затворска казна

Од обвинителство ја потврдија информацијата, но во оваа фаза од постапката не откриваат против кои обвинители конкретно се поднесени пријавите.

Претходно, специјалното јавно обвинителство ги отфрлија обвинувањата дека дел од нивниот тим малтретирале лица додека ја вршеле нивната служба.

“Ако некој тврди дека му е вршен притисок, тоа треба и да го докаже. Ако има докази за такво нешто, слободно нека ги приложи”- рекоа од специјалното обвинителство.

Од СЈО одговорија дека работат согласно законот, а дел од правните експерти пријавите ги толкуваат како опструкција на работата на Катица Јанева.

Слично

Поврзани вести