Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француските директори си ги намалуваат одморите

Француските директори си ги намалуваат одморите
Директорите на малите француски компании, со помалку од десет вработени, земаат во просек по 19 дена годишен одмор, но ова лето ќе одмараат само 11 дена. Секој петти директор на мало претпријатие во Франција искористува 26 дена одмор, а речиси половината директори на овие фирми ќе користат одмор помалу од 15 дена, покажала анкетата на Ифор. „Времињата се тешки и затоа тие не користат одмор“, пишуѕва весникот Фигаро. Дури 29 отсто од директорите годинава воопшто нема да отидат на одмор. Во однос на поголемите компании, малите имаат многу мали приходи, а големи трошоци. Нив не им останува ништо друго туку во овие времиња, многу повеќе да работат и да користат пократки годишни одмори.
Слично

Поврзани вести