Францускиот туризам на колена – ќе го субвенционираат со 10 милиони евра
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Марк Ејро објави дека се одделува дополнителна помош за развојот на туристичкиот сектор во земјата, која ќе достигне 10 милиони евра.
Пред тоа министерот истакна дека се помалку туристи ја посетуваат Франција, не само поради терористичките напади, но и поради поплавите и штрајковите, кои редовно се одржуваат во земјата. Тој рече дека најголемото намалување на туристи е забележано во Париз.
Во вторникот Ејро одржа средба со претставници на туристичкиот сектор, која се одржа во рамките на седницата на Комисијата за вонредната економска ситуација во областа на туризмот.
Генерално се забележува намалување на бројот на странските туристи во Франција со 8 проценти. Најсилно погодени се областите Ил де Франс и Прованс-Алпи-Азурниот брег.
Претходно претставници на туристичката индустрија изјавија дека нивните загуби во Ил де Франс во првата половина на годината се во износ од околу 750 милиони евра.
