Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француски тур оператори заинтересирани за Македонија

Француски тур оператори заинтересирани за Македонија

Француски тур оператори во понудата за алтернативен туризам ја вклучија и Македонија.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија организираше тродневна инфо тура за тур операторот Voyager Autrement, кој на годишно испраќа над 15.000 туристи насекаде во светот.

Македонија е вклучена во нивната програма за алтернативен туризам, како нова и неоткриена дестинација.

Со живописни села, планини, прекрасни езерски одморалишта, регионот на вино, убави пејзажи, богата култура, сончеви денови, љубезни луѓе и поволни цени за странските туристи, велат дека Македонија е идеална за одмор и релаксација.

Туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи, а посебно интересен беше манастирскиот туризам.

Неодамна и тур оператори од Казахстан пројавија интерес за Македонија како туристичка дестинација.

Слично

Поврзани вести