Франција повика да и се помогне на Македонија за бегалците
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиос повика на итно решавање на бегалската криза во Република Македонија.
За време на заедничката прес-конференција во Прага со чешкиот колега Љубомир Заоралек Фабиос соопштил дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе разговараат за овој проблем, бидејќи бројот на бегалците кој поминува низ територијата на Македонија станува се поголем. Тоа не е проблем кој треба да се решава само од Македонија, додал уште францускиот дипломат.
Потсетуваме дека само за последните два месеца низ Македонија поминале околу 45 000 бегалци. Бегалците потоа се упатуваат кон Србија и оттаму кон Унгарија.
За време на прес-конференцијата на Лоран Фабиос му се слошило, но не ја изгубил свеста. На францускиот министер на два пати му пружиле лекарска помош. Потоа Фабиос бил изваден од салата. Нашиот министер е исцрпен „малку малаксан без да губи свест“, соопштија од француското Министерство за надворешни работи. Откако му се подобрила ситуацијата Фабиос отишол на вечера.
