Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција од богатите граѓани наплатила 400 милиони евра данок

Франција од богатите граѓани наплатила 400 милиони евра данок

Данок од 75 одсто за годишниприходи на Французите поголеми од милион евра во текот на  2013 и 2014 и донел на француската држава околу 400 милиони евра.

Прелиминарните бројки на собран данок ги изнел на седницата на парламентарната комисија за финансии секретарот на државниот буџет Кристијан Екерт.

Данокот наплатен од најбогатите, што било предизборно ветување во текот на претседателската кампања во 2012, на сегашниот претседател Франсоа Оланд е воведен за приходи од 2013 и 2014 година и тој е укинат на 1 февруари 2015 пренесува весникот Еко.

Конечните бројки на соберен износ од данокот за најбогатите во 2014 ќе бидат објавени на 30 април оваа година.

Слично

Поврзани вести