Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција најавува високи даноци, ама Нутела не го менува составот!

Франција најавува високи даноци, ама Нутела не го менува составот!
Креаторите на познатата Нутела велат дека нема да го променат својот профитабилен рецепт дури и ако Франција, нивниот најголем пазар, го прифати предлогот за четирикратно зголемување на данокот на клучната состојка во кремот- палминото масло. Сенаторите во Франција, каде што левичарската влада генерално ги зголемува даноците со цел да се намали јавниот долг,  предложи 300% зголемување на даноците за палминото масло со оправдување дека  при неговото производство се уништува животната средина, а при неговото конзумирање се промовира дебелеењето. Фредерик Тил, францускиот директор на Фереро, италијанската компанија што ја произведува Нутела-та, за дневникот „Ле паризиен“ изјави дека „ аргументите се неправедни, а последиците ќе бидат катастрофални“. Повеќе од 100 милиони тегли на Нутела се продадени во Франција во 2008 година, а на веб страната на Фереро се вели дека рецептот за кремот кој се продава насекаде во големи количини, посебно во западниот свет е откриен во еден италијанска слаткарница 1944. Нејзините главни состојки се шеќер, млеко во прав, лешници, какао, емулгатор, арома и палмино масло за кое сега во Франција ќе се плаќа данок од речиси 100 евра по тон. Тој данок ќе треба да се зголеми на 400 евра по тон доколку предлогот кој потекнува од Сенатот биде прифатен. Франција, која сака да најде дополнителни извори за финансирање на својот здравствен систем,  веќе ги оданочи засладените пијалоци, а неодамна беше предложено и оданочување на пивото за да се пополни дупката во јавните финансии. Тил рече дека Нутела ќе направи се за да го ограничи влијанието на даночните зголемувања врз своите потрошувачи. Палминото масло, кое исто така се кориси во производството на маргарин, колачи и чипс, сочинува околу 20 отсто од Нутелата-та. Ако се прифати даночно зголемување за 300 отсто, тоа ќе ја зголеми цената производот. Друг аргумент за покачување на данокот на палминото масло е да се намаали интензивното производство со кое се уништуваат шумите во земјите како Малезија, еден од најголемите извозници на палминото масло.  
Слично

Поврзани вести