Франција го отвара првиот современ камп за бегалци
Франција го отвори првиот камп за бегалци, кој ги исполнува меѓународните стандарди, откако беше критикувана дека кампот во Кале нема услови.
Кампот е изграден во градот, Гранд Синте и покрај негодувањето на Владата.
„Ова е голем ден за човечката солидарност. Јас сум за да се надмине неуспехот на државата"-изјави локалниот градоначалник Дамиен Карем.
Три семејства на ирачките Курди се првите кои се вселија во кампот, а претходно беа во кампот во близина со лоши услови.
Се планира во 375 кабини да се сместат 2500 луѓе. Кампот располага со тушеви и тоалети, а за изградбата се потрошени 3.1 милион евра.
Слично
