Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Франкфуртер Рундшау“: Еврокомесарот Хан направи фатална проценка во Македонија!

„Франкфуртер Рундшау“: Еврокомесарот Хан направи фатална проценка во Македонија!

Денеска во германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“ се појави текст-анализа насловен како „Фатална погрешна проценка во Македонија“ во кој пишува дека најголемиот дел за катастрофата во Македонија се должи на погрешната проценка на ситуацијата од страна на одговорниот комесар на ЕУ, Јоханес Хан, а подолу во текстот се опишува и ситуацијата во Македонија.

Состојбата ја анализира  Норберт Мапес-Нидик кој не штеди критики ниту кон еврокомесарот Хан.

„ЕУ и на Балканот е исправена пред купче искршено стакло. Вината за тоа не лежи во губењето на авторитетот на Унијата, иако и тоа игра улога за неуспехот. Полошо беше дејството на неинтересот на Европа за својот 'заден двор' - грешка која пред сѐ на Германија ѝ донесе десетици илјади баратели на азил. Меѓутоа, најголем удел за катастрофата во Македонија има погрешната проценка на состојбата од страна на надлежниот еврокомесар. Македонија - тоа е случај на криминал на власта. Мала, пријателски и роднински поврзана групичка околу премиерот Никола Груевски и неговиот роднина, шефот на тајната служба, ја зароби прво ВМРО, една од двете најголеми партии во земјата, а потоа и целата држава“, пренесува Дојче Веле.

Понатаму во текстот стои:

„Колку сето тоа да беше лошо, се чинеше дека е и исто толку јасно - сѐ до минатиот мај кога се вклучи еврокомесарот Јоханес Хан. На општо изненадување Австриецот заклучи дека ќе ја третира состојбата во Македонија како еден вид кафеанска кавга меѓу две балкански страни.

-Македонија е случај на владин криминал. Мала, спријателена и роднински испреплетена групичка околу владиниот шеф Груевски и неговите блиски, како шефот на тајната полиција, најпрво си ја присвоија ВМРО, една од најголемите партии во земјата, а потоа си ја присвоија и целата држава. „Фамилијата“, како што општо се нарекува кланот на Груевски, се богатеше, судиите ги ставаше под притисок, ги затвораше опозициските медиуми, им се закануваше на новинарите, а веројатно и убиваше новинари, апсеше критичари и ги судеше во застрашувачки процеси. Преку државната администрација си купи верни послушници и манипулираше избори – регистар на криминални дела, на којшто му нема пример никаде во европската политика, се вели во текстот.

„Наместо да го принуди Груевски да поднесе оставка, ЕУ – комесарот Хан посредуваше потпишување на меѓупартиски договор за повторно да се одржат избори, а целиот Договор од Пржино станал фарса, бидејќи луѓето на Груевски го одложувале и го саботирале секој поединечен чекор и внимавале само формално да се придржуваат до термините“, пишува уште во текстот.

Целата оригинална анализа може да ја прочитате Овде.

Слично

Поврзани вести