Франкфурт ќе ги „ќари“ и банкарите и брокерите на Ситигруп
Откако Дојче Банк реши главното европско седиште од Лондон по одржувањето на Брегзит односно излезот на Велика Британија од Европската Унија да го пресели во Франкфурт, финасискиот најразвиен град во Европа, речиси идентична одлика донесе и Ситигруп.

Франкфурт ќе биде нов трговски центар на Ситигруп во ЕУ и планира оваа недела да ја предложи таа опција на својот управен одбор на одобрување, пишува Блумберг.
Одлуката за тоа, постоечките брокерско-дилерски дејности во ЕУ да ги развива во германскиот град, значи дека банката таму ќе отвори од 150 до 200 нови работни места, посочува извор кој сака да остане анонимен, бидејќи се работи за интерни политики на финансиската куќа.
Слично
