Французите ќе одат во пензија на 65 години?
Директорот на француската државна инвестициска и развојна банка „Бпифранс“, Никола Дуфур, изјави дека е потребно возраста за пензионирање во Франција да се помести на 65 години, па дури и повеќе.
„Ако ги погледнеме податоците објективно, мора да работиме подолго“, тврди Дуфур, спротивно на актуелните дебати за суспендирањето на пензиската реформа што ја зголемува возраста за пензионирање, објавува „Фигаро“.
Додека јавната дебата се фокусира на суспендирањето на пензиската реформа од 2023 година, која предвидува поместување на старосната граница од 62 на 64 години, директорот на јавната инвестициска банка Бпифранс изразува поинаков став.
Во интервју за весникот „JDD“, Дуфур оцени дека за да се зачува социјалната држава, потребно е да се вратат на параметрите што најмногу зависат од клучниот фактор - демографијата.
Доколку се потврди суспензијата на пензиската реформа, што оваа недела ја објави францускиот премиер Себастијан Лекорну за да се избегнат критики, возраста за пензионирање ќе остане замрзната на 62 години и девет месеци до почетокот на 2028 година, со минимум 170 платени квартали за целосна пензија.
Дуфур, сепак, рече дека Франција мора да признае дека нејзиното население старее и дека мора да се прилагоди.
foto freepik.com
