Економија, финансии, бизнис

Контакт

Французин се обидел да пренесе Тајланѓанка во куфер преку албанската граница

Французин се обидел да пренесе Тајланѓанка во куфер преку албанската граница

Французин се обидел да пренесе девојка во куфер преку албанската граница. 

Албанските погранични власти на преминот Муриќан, лоциран на албанско-црногорската граница, приведоа француски државјанин при обид за нелегален транспорт на човек. При рутинска контрола на возилото, полициските службеници откриле дека во патничкиот куфер се наоѓа скриена жена.

„Уапсен е Том Хаак, 26-годишен, со француско државјанство. При преглед на неговото возило на граничниот премин Муриќан, службите на граничната полиција пронашле куфер на задното седиште, во кој била скриена тајландска државјанка. Станува збор за обид нелегално да ја изнесе од територијата на Република Албанија“, пишува во полициското соопштение.

Истрагата покажала дека крајната дестинација на возилото била Франција, каде што девојката требало да пристигне без законски процедури.

Планот на францускиот државјанин бил да ги помине границите преку територијата на Црна Гора, а потоа и преку Хрватска.

Од албанската полиција потврдуваат дека и двајцата учесници во инцидентот во моментов се наоѓаат во притвор.

Слично

Поврзани вести