Економија, финансии, бизнис

Контакт

Французи ќе не учат како да го подобриме квалитетот на млекото

Французи ќе не учат како да го подобриме квалитетот на млекото

Во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" - Скопје, Федерацијата на фармерите на Македонија (ФФРМ) во соработка со Француската асоцијација на земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) во рамките на програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, денес ќе  организираат трибина „Подобрување на квалитетот на млеко".

 Целта на трибината е да се разговара за подобрување на квалитетот на млекото преку хигиената и балансираната исхрана на кравите.

Автор на презентацијата за хигенски инженеринг и дизајн е проф. д-р Владимир Какуринов, автор на презентација за балансирана исхрана е проф. д-р Среќко Ѓорѓиевски.

На трибината ќе присуствуваат земјоделци, експерти и претставници од владини и невладини институции.

Слично

Поврзани вести