ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ФАКТОР: ШЕМАТА ЗА ВЛЕЗ НА ЗЕМЈИ НЕПОДГОТВЕНИ ВО ЕУ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОВТОРИ СО МАКЕДОНИЈА
„ЕУ веќе не е како порано. Се разбира дека постои разлика меѓу Македонија и Албанија, но европските граѓани не го гледаат тоа, за нив и двете се споредливи со екс-комунистичките земји на Балканот“, додава Пикард, и вели дека во заедницата влегле земји кои не биле подготвени, а дури сега се гледаат последициите, и не треба таа шема да се повтори со Македонија, вели за Фактор францускиот експерт Антуан Пикард.
Овој француски експерт за европски прашања од Тулуз, вели дека Македонија економски и политички, институционално не е подготвена за ЕУ и смета дека тоа е причината која го натера францускиот претседател Емануел Макрон да стави вето на самитот во Брисел, а со тоа нашата земја да не почне преговори.
Слично
