Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција стопираше малини од Србија: Откриен двојно поголем кадмиум од дозволеното

Франција стопираше малини од Србија: Откриен двојно поголем кадмиум од дозволеното

Европската комисија информира дека при контрола на пратка малини увезени од Србија во Франција, е утврдено значително зголемено ниво на кадмиум – двојно над дозволеното.

Пратката била задржана од француските власти, а случајот е евидентиран на 30 април во системот RASFF (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна), кој служи за известување за небезбедни производи во Европската Унија.

Според објавените податоци, во малините биле измерени 0,071 милиграми кадмиум на килограм, додека максимално дозволената граница изнесува 0,04 милиграми.

Надлежните ја оцениле ситуацијата како сериозен ризик, имајќи предвид дека кадмиумот е токсичен тежок метал кој се акумулира во организмот, особено во бубрезите и црниот дроб. Неговото исфрлање од телото може да трае од 10 до 30 години.

Долготрајната изложеност на кадмиум може да предизвика оштетувања на бубрезите, а според Светската здравствена организација, оваа супстанца се смета и за канцерогена.

Ова не е прв ваков случај со прехранбени производи, а ваквите контроли се дел од засилените мерки за заштита на потрошувачите во ЕУ.


Слично

Поврзани вести