Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција се враќа во Регионалниот совет за соработка за активна поддршка на Западен Балкан

Франција се враќа во Регионалниот совет за соработка за активна поддршка на Западен Балкан

Франција се враќа како активен партнер на Регионалниот совет за соработка(РСС) и таа одлука била донесена во рамките на новата стратегија за Западен Балкан што минатата година ја усвоил претседателот Емануел Макрон, соопшти денеска РСС.

Одлуката за ова и била соопштена на генералната секретарка Мајлинда Брегу на денешниот состанок во Берлин на високо ниво, во рамките на француско германската иницијатива за контрола на малокалибарското и лесното оружје, со која претседаваа германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан Ив ле Дријан.

„Подготвени сме да учествуваме во работите на РСС посебно во областите на инвестициите, поврзувањето и безбедноста“ на Западен Балкан, соопштил ле Дријан.

Франција го напушти активното учество во РСС во 2014 година.

Слично

Поврзани вести