Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦИЈА И ПОНАТАМУ ИМА НЕДОСТИГ НА ГОРИВА, ослободени залихите за полнење на бензиските, продолжуваат и штрајковите

ФРАНЦИЈА И ПОНАТАМУ ИМА НЕДОСТИГ НА ГОРИВА, ослободени залихите за полнење на бензиските, продолжуваат и штрајковите

Најмалку една од 10 бензински пумпи во Франција се погодени од недостиг на гориво. 

Кампањите со попусти, тесните грла во снабдувањето предизвикани од штрајковите на рафинериите и зголеменото купување од паничните возачи се главните причини, според весникот Ouest-France.

Околу 12 отсто од станиците имаат потешкотии со барем еден вид гориво во пумпите, а ситуацијата варира од регион до регион, изјави за новинарите владиниот портпарол Оливие Веран по состанокот на Советот на министри во средата. Во регионот Hauts-de-France, околу 30 проценти од бензиските станици биле погодени, пренесува „Б92“.

Лидерот на францускиот пазар TotalEnergies го објасни недостигот на понудата со падот на цените на своите станици. Попустот од 20 центи е во прилог на државниот попуст од 30 центи на сите станици.

На тоа треба да се додаде и штрајкот во шест од осум француски рафинерии. Штрајкот за покачување на платите, кој започна на 27 септември, влезе во втората недела. Значи, во Франција се случи „совршена бура“, комбинација од неколку фактори одеднаш.

Со цел што поскоро да се врати нормалната состојба, на северот од земјата беа пуштени стратешки залихи за полнење на бензинските пумпи.

Како што пишува „Танјуг“ штрајковите во француските нафтени рафинерии и магацини ќе продолжат и денеска, изјавиле претставници на синдикатот CGT во TotalEnergy и Eso France, подружница на американскиот нафтен гигант ExxonMobil.

Штрајковите го зголемија притисокот врз владата на претседателот Емануел Макрон, која веќе се соочува со јавно незадоволство поради инфлацијата и зголемените сметки за домаќинствата.

Слично

Поврзани вести