Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА СЕ ОГРАДУВААТ: Се појави нон - пејпер за поделбата на Косово

ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА СЕ ОГРАДУВААТ: Се појави нон - пејпер за поделбата на Косово

Се зборува за нов нон -пејпер за дијалогот Белград-Приштина. Според овој документ, кој го објави косовски медиум, прецизирана е поделбата на Косово. 

„Автономниот округ на Северно Косово“ би ја опфатила територијата на градовите Звечан со 35 села, Лепосавиќ со 72 села, Северна Митровица, која би била независна економска зона, и катастарската зона на град Зубин Поток со 63 села.

„Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е дел од содржината на наводниот нон-пејпер кој го објави  приштинскиот весник „Коха диторе“.

Се наведува дека Српската православна црква ќе има посебен статус. Православната црква на Косово, како суштински дел од СПЦ, во согласност со уставните измени, треба да биде предводена од српскиот Патријарх, кој треба да го има своето седиште во Пеќската патријаршија. Се предвидува сите постигнати договори досега да бидат спроведени, а конечниот договор да биде постигнат до февруари 2022 година. Зад предлозите наводно стојат Германија и Франција, како заедничка иницијатива на тие две земји за продолжување на дијалогот и негово заклучување со договор. Сепак, со експресен одговор се јави германскиот амбасадор на Косово. Берлин не е вмешан во ваков документ. Тоа е лажна вест, вели Јорн Роде.

Демантираше и Франција. 

„Франција и Германија првично не стојат зад тврдењата за француско-германскиот нон-пејпер, објавени денес од“ Коха диторе. Ние целосно ја користиме медијацијата на ЕУ и ги поздравуваме напорите направени на тој план од специјалниот претставник задолжен за дијалог“, стои во соопштението на Француската амбасада во Приштина.

Претходно, се појави нон пејперкој предвидува поделба на БиХ и спојување на Косово и Албанија. 

САД и ЕУ не сакаат промена на границите во регионот. 

Слично

Поврзани вести