Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фотоволтаичната електрана во ТЕЦ Осломеј ќе чини 7 милиони евра а ќе вработи 1000 работници

Фотоволтаичната електрана во ТЕЦ Осломеј ќе чини 7 милиони евра а ќе вработи 1000 работници

Седум милиони евра ќе чини изградбата на фотонапонска централа Осломеј а токму местото каде што е предвидено да се гради таа фотоволтаична електрана ќе го посетат денеска министерот за економија и заменик  генералниот директор на ЕЛЕМ.

Крешник Бектеши заедно со Фатмир Лимани ќе одат во обиколка на ТЕЦ Осломеј и фотонапонската централа Осломеј.

Според најавите електраната ќе се гради  на 15 хекатари земјиште на веќе постоечкиот рудник во околината на РЕК Осломеј . 

Сумата од седум милиони евра за оваа инвестиција е набавена со заем од  5,9 милиони евра од Европската банка за обнова и развој или  додека 1,1 милион ќе бидат обезбедени од сопствени средства на ЕЛЕМ.

Околу 1000 работни места се предвидува да донесе изградбата на оваа  фотоволтаичната електрана а вработените прво ќе поминат соодветна едукација.

Слично

Поврзани вести