Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) УРАГАН ВО ГРЦИЈА: Грците се засолнуваат, ќе дуваат ветрови со брзина над 200 км на час

(ФОТО+ВИДЕО) УРАГАН ВО ГРЦИЈА: Грците се засолнуваат, ќе дуваат ветрови со брзина над 200 км на час

Ураган денеска пустоши кај нашиот јужен сосед. 

Редок медитерански ураган ги зафати островите во западна Грција. Имаше обилни врнежи од дожд и прекини во снабдувањето со електрична енергија. 

Насекаде паѓаат дрвја. Има поплавени улици и прекини во сообраќајот на островите Кефалонија, Закинтос и Итака.  Бурата Јанос е именувана како „медикан“, односно медитерански ураган и овој феномен првпат се појави во Грција во 1995 година.

Циклонот се движи кон исток, па се очекува овој викенд ветрови со брзина од 117 километри на час да го погодат Пелопонез, а потоа и Атина и Крит.

Танјуг објави дека под удар на циклонот, јахта која пловела под знамето на Швајцарија, е исфрлена на карпите на полуостровот Итака.

Најновите метеоролошки прогнози покажуваат дека овој многу редок ураган може да биде најсилниот во историјата на овие простори.

Жителите се информирани да се засолнат. Метеоролозите очекуваат огромни количини дожд, поплави и ветрови со брзина од над 200 километри на час.


Слично

Поврзани вести