Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ТУРЧИНКИТЕ ПРОТЕСТИРААТ: Порачуваат дека ќе се облекуваат како што сакаат

(ФОТО+ВИДЕО) ТУРЧИНКИТЕ ПРОТЕСТИРААТ:  Порачуваат дека ќе се облекуваат како што сакаат

Голем број Турчинки се собраа на митинг во Анкара, барајќи слобода во облекувањето, откако имаше серијата напади врз жените низ Турција. 

Тие носеа транспаренти на кои пишува „Не ми го пипај шорцот“ и „Не ми се мешај во облеката“ повикувајќи ги мажите да не ги напаѓаат поради начинот на кој се облекуваат.

„Излеговме на улица за иднината на нашите деца. Од сега па натаму почесто ќе нè има на улиците“- изјави една од организаторите, Рукије Акер.


Во последниве неколку месеци во Турција се случија неколку напади врз жени, особено во јавниот транспорт.

Еден патник во јуни удри млада девојка затоа што била облечена во кратки панталони, за што тој сметал дека е несоодветно поради муслиманскиот месец Рамазан.

Активистите за правата на жените ја обвинуваат конзервативната влада во Турција дека создава атмосфера на неказнивост за сторителите, иако турските власти редовно ги осудуваат таквите напади.


Вакви протести се одржаа минатата недела во Истанбул и Измир.

Жените беа огорчени од претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека жените во Турција се „некомплетни ако немаат деца“.

Слично

Поврзани вести