(ФОТО+ВИДЕО) Снежен хаос во Словениja: Паднати дрвја и домаќинства во мрак
Снежно невреме ја зафати Словенија, при што повеќе од 160 дрвја се урнаа на патиштата. Најлоша е состојбата во Штаерска, Корушка, Засавје и Долењска.
Снегот ја оштети и електродистрибутивната инфраструктура во општина Подвелка поради што има прекин во снабдувањето со струја. Неколку патишта беа затворени за сообраќај.

Бидејќи има забрана за минување на камиони со приколки и трактори со полуприколки во правец кон Љубљана, камионите синоќа застанаа во долга колона од десет километри.
Претходно, делови од соседна Србија се соочија со поплави. Во Македонија деновиве има врнежи од дожд. Според најавите, тие во следните денови ќе бидат обилни.
Слично
