Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕГ И ВЕТЕР ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер и пожарникари спасуваа луѓе

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕГ И ВЕТЕР ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер и пожарникари спасуваа луѓе

Пожарникарите во Грција спасиле 13 луѓе кои со автомобилите биле завеани. 

Тие се префрлени во селото Скурта и се во добра состојба. 

Со хеликоптер беа спасени четири луѓе кои биле на јахта, кога почнал да дува силен ветер, а моторот се расипал. 

Снег ја блокираше соседна Грција, патиштата се затворени, а многу домови се без електрична енергија. 


Повеќе села се без струја. Патот кој ја поврзува Атина со Ламија е затворен, а на возачите им се препорачува да користат синџири, објави „Катимерини“. 

Затворени се пристаништата Пиреа, Рафина и Лаврио.  Снег паѓа во северна Грција и во пониските предели во источна Тесалија, централна Грција и североисточен Пелопонез.

За разлика од Грција, во Крушево во Македонија има туристи, но снег нема да има за Нова година според прогнозите. 


Слично

Поврзани вести