Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Само во еден хрватски град ветерот урна сто дрвја

(ФОТО+ВИДЕО) Само во еден хрватски град ветерот урна сто дрвја

Невремето направи пустош на Истра. Штети има од Умаг до Пула, а најмногу настрада Новиград.

Ветрот откорна десетици дрвја во тамошниот камп на автопат Сирена. Нема повредени. Дрвја паднале врз возила, приколки и кампери. 

„За среќа никој не е повреден, но направена е голема материјална штета. Во моментов на терен се 150 лица, седумдесетина пожарникари, полицајци, припадници на Хрватски шуми и други. Во секој случај ситуацијата е под контрола“, изјави Дино Козлевац, началник на Штабот за цивилна заштита на округот Истра.

Градоначалникот на Новиград, Антео Милош во изјава за Хина рече дека на паркингот и во центарот на градот паднале повеќе од сто дрвја.

„Едно дрво падна врз црквата, две дрва паднаа врз куќите. Во најголем дел ситуацијата е смирена, се надевам дека најлошото помина и најважно е дека никој не е повреден. Сообраќајот е воспоставен, а сега комуналните служби, пожарникарите, но и сите наши сограѓани ги чистат улиците и го расчистуваат патот“, рече Милош.

Невреме ги зафати Република Србија, но и Србија. Штети има во Нови Сад, Суботица, Сомбор. 

фото eurostarUmag


Слично

Поврзани вести